речник контакт

Велешкиот пазар евтин или скап?

Велешани плаќаат најскап компир а јадат најевтини тиквичките и лимон во земјава. Што е скапо а што евтино на велешкиот пазар, споредбено со останатите десет во Македонија, за месец август

Петар Печков

Државниот Завод за статистика ги објави цените на земјоделски производи на зелените пазари во август 2013. Меѓу 11-те градови е и Велес.

И еве ја анализата, што е евтино а што скапо на пазарот во Велес.  Анализата се однесува на следенети градови: Скопје, Битола, Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Штип, Струмица, Охрид, Прилеп и Куманово. За неа се користени материјали на Заводот за статистика на Македонија.

Јадеме меѓу  поевтините  црвени  и модри патлиџани, грав, краставица, банани,

Високи цени  на пазарот во Велес има оризот, зелениот пипер, бабурите

Најскап во Велес е компирот, најевтини тиквичките и лимонот во споредба до другите пазари во земјава

Цената на килограм ориз се движи од  55 Куманово до 82 Тетово, Велес е  76.5 денари.

Црвени домати од 20 во повеќе градови до 30  во Охрид, Велес 22,5 ден за кг

Зелени пиперки од 25 Кавадарци до 34 Куманово, Велес  32,5 денари за кг

Бабури од 35 Прилеп до 47 Кавадарци, Велес  44 денари за кг

Компири од 26 Кавадарци до 34 во Велес

Модар патлиџан парче од 7 денари во Струмица до 17 во Тетово, во Велес  8,5 денари

Грав 115 за кг во Гевгелија до  184 во Тетово, во Велес  122

Кромид  25  во Охрид и Куманово до 40 Битола и Тетово, во Велес  30

Лук од 65 денари за кг во Кавадарци до 185 во Гевгелија, во Велес е 100 денари за кг

Зелка   од  15  Штип до 21 Прилеп, Велес е 18 денари за кг

Краставица од 21 во Штип до 42 во Охрид, Велес  24

Морков од 25 Кавадарци до 35 Охрид, Велес 30 денари

Цвекло од 22,5 во Кавадарци до 50 во Охрид, Велес е 24 денари

 Тиквичките  по парче од 7 денари во Велес до 14 во Тетово

Праските од 24 во Штип до 52 во Гевгелија, во Велес  29 денари за кг

Сливи од 20 во Тетово до 40 во Гевгелија, Велес  24

Крушите од  42,5 во Куманово до 80 во Битола, во Велес   52,5 ден за кг

Оревите лупени од 450 во Куманово до 720 во прилеп, во Велес  675 денари за кг

Лимони од 82 во Велес до 120 во Битола   Лубениците и дињите се во мала разлика во цени

Портокали од 50 во Битола до 88 во Гевгелија, во Велес  65 ден за кг

Банани од 45 во Кавадарци до 55 Гевгелија, Велес 46

Грозјето од 27,5 во Кавадарци до 40 во Битола, во Велес  29 денари за кг

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »